Во Реал Мадрид лекарскиот тим е ужас - цел свет им смее!

Реал Мадрид е најголемиот фудбалски клуб во светот, но се појавија информации со скандалозни грешки кога е во прашање медицинскиот тим кој го има кралскиот клуб.

Гигантот има големи проблеми со повредени фудбалери, а значаен дел од нив се поради аматерската работа во медицинскиот тим на клубот.

Откако изби скандалот дека во Реал Мадрид на Мбапе му го прегледувале десното колено, а повредено му било левото колено, на површина излегоа и други аматерски грешки на медицинскиот тим.

- На Мбапе му било прегледано погрешно колено и поради тоа докторите го оцениле како здраво, тој продолжил да игра, а бидејќи играл со повреда таа се влошувала и ситуацијата станала сериозна поради што Французинот пропушти многу натпревари.

- Реал Мадрид користел ЧатГПТ за да одлучува какви суплементи ќе им дава на фудбалерите

- Куртоа се повреди за време на загревањето со Манчестер Сити, но добил дозвола од докторите да брани во првите 45 минути. Повредата се влошила и тој долго ќе биде во аут.

- Родриго се повреди кога влезе во игра, но не беше изваден веднаш, туку му беше дозволено да продолжи да игра повеќе од 30 минути. За него сезоната е завршена.

Клубот никого не отпушти поради ваквите грешки, но го врати Др. Нико Михиќ како главен на медицинскиот тим кој треба да ги доведе работите во нормала. Михиќ беше отпуштен од Реал пред две години, но раководството на клубот ја сфати грешката и го врати.