Еден од најдобрите светски арбитри ќе ѝ суди на Македонија против Данска
Станува збор за еден од најдобрите светски судии кој водел натпревари на највисоки ниво и најверојатно ќе биде ангажиран и на Мундијалот. На Цвајер ќе му помагаат неговите сонародници Роберт Кемптер и Доминик Шал, четврти судија и Даниел Зиберт, а во ВАР собата ќе биде Саша Стегман, исто така од Германија.
Цвајер досега само еднаш ѝ судел на Македонија и тоа на гостувањето на Италија во Рим на 17 ноември 2023 година кога „аѕурите“ славеа со 5-2.
Натпреварот меѓу Македонија и Данска се игра в четврток, 26 март од 20:45 часот.