Македонските фудбалери тргнаа по билет за Светско првенство! (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска замина за Копенхаген каде во четврток ќе го игра полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство против Данска.

Пред нашите фудбалери останаа уште две пречеки за историски успех, пласман на Мундијал.

Првата е онаа во Копенхаген против Данска, а ако ја минеме ќе игра со победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска.

Нашите фудбалери предводени од новиот селектор Седлоски со оптимизам тргнаа кон Данска и ветија максимум за резултат кој ќе ја израдува македонската јавност.

Мечот меѓу Данска и Македонија се игра во четврток со почеток од 20:45 часот.