Чешка ја тресе скандал: Се апсат фудбалери, судии, газди на клубови...
Чешките медиуми пишуваат дека се уапсени десетици лица меѓу кои и фудбалери, судии, како и луѓе поврзани со најголемите клубови од Чешка. Операцијата се спроведува со поддршка на Европол, Интерпол и УЕФА.
Паралелно со акцијата, одржана е и вонредна седница на Фудбалски сојуз на Чешка, свикана веднаш по објавувањето на информациите во јавноста. Претседателот Давид Трунда потврди дека истрагата траела три години и претставува резултат на координирана работа меѓу сојузот, полицијата и обвинителството.
Од Националниот центар за борба против организиран криминал информираа дека станува збор за обемна операција, а во текот на денот се очекува и подетално официјално соопштение.
„Нашето одделение денес спроведува кривични постапки. Информациите ги добивме од Високото јавно обвинителство“, изјави портпаролот на центарот.
Чешка е еден од потенцијалните противници на Македонија на патот до Светското првенство. Тие играат бараж со Република Ирска, а победникот ќе се сретне со нас или со Данска.