Една добра вест и за Данска пред натпреварот против Македонија!
Данска нема да може да смета на двајцата први голмани како и речиси целата дефанзивна линија, а имаше вести дека и Микел Дамсгард ќе биде во аут поради повреда.
Сепак последните информации велат дека фудбалерот од средниот ред на Брентфорд не е сериозно повреден и ќе игра против Македонија.
Тој вчера тренирал самостојно, а од денеска се приклучил на тимските тренинзи и работи со полна пареа.
Селекторот на Данска, Брајн Ример ги потврди позитивните вести, но сепак со одредена резерва.
„Дамсгард денеска тренира комплетно. Очекуваме дека работите ќе бидат добри, но ќе мора да ги помине следните два тренинзи, а потоа ќе одлучиме за неговата инволвираност“, рече Ример.