Синер собори еден голем рекорд на Ѓоковиќ
Со победата од 6-1, 6-4 над Корентин Муте во третото коло од Мајами Опен, Синер стигна до 26 освоени сетови по ред со што го собори претходниот рекорд на Новак Ѓоковиќ од 24 сетови, од 2016 година. Италијанецот ги освои последните два Мастерс турнири без да изгуби сет - во Париз минатата есен (10-0) и Индијан Велс минатата недела (12-0) - и го израмни рекордот на Ѓоковиќ со победата од 6-3, 6-3 над Дамир Џумхур во нивниот прв натпревар во Мајами пред два дена. Ноќеска го презеде водството на врвот на ранг-листата.
Синер излезе силно од самиот почеток, освои пет гема по ред по 1-1 и го освои првиот сет за само 26 минути. Французинот пружи поголема борба во вториот сет, но сепак немаше сили да направи изненадување. Синер, кој е втора носител во Мајами, ќе се соочи со Американецот Алекс Микелсен во четвртото коло, а со оглед на раната елиминација на Алкараз, има отворен пат кон нова Мастерс титула, по онаа во Индијан Велс.