Тотнем најде наследник на Тудор, ама има еден голем услов

Менаџментот на Тотнем го идентификуваше Роберто Де Зерби како главна цел за менаџерската позиција.

Поранешниот предводник на Брајтон и Марсеј наводно е отворен за преселба во северен Лондон, но секој потенцијален договор зависи од еден клучен услов: Спарс мора да останат во Премиер лигата за следната сезона. Според „Телеграф“, Тотнем веќе разговарал со Де Зерби за преземање на функцијата. Италијанскиот стручњак моментално е невработен откако го напушти Марсеј со взаемна согласност во февруари. Иако Спарс се во тешка битка за испаѓање по поразот од 0-3 на домашен терен од Нотингем Форест, клубот активно работи на планови за иднината.

Де Зерби е поврзан и со Манчестер Јунајтед и Ливерпул доколку Арне Слот го напушти Енфилд, но наводно е навистина заинтересиран за проектот на Тотнем ако клубот не испадне. „Тајмс“ објави дека се зборува и за тоа Де Зерби веднаш да го преземе местото на Игор Тудор, со клаузула во неговиот договор што би му дозволила да замине на лето доколку испадне од лигата. Сепак, Спарс не се сигурни за таков договор.

По враќањето од репрезентативната пауза, Тотнем се соочува со тежок распоред од седум натпревари во борбата за задржување на статусот во Премиер лига. Болниот пораз од од Нотингем Форест во неделата ги остави Спарс на 17. место со 30 бода од 31 натпревар. Патот кон опстанок започнува со гостување во Сандерленд, по што следува домашен тест против Брајтон и гостување кај испаднатиот Вулверхемптон, кој има 17 бода.