Mусовски: Во 2020 година беше недоразбирање, секогаш сум сакал да играм за Македонија!

Македонската репрезентација в четврток ја очекува баражот против Данска во Копенхаген, а за овој собир нашиот национален тим е посилен и за напаѓачот на Сиетл сондерс, Дени Мусовски.

Мусовски со Македонија се поврзуваше уште во 2020 година пред нашиот национален тим да настапи на Европското првенство, но како што вели во интервјуто за „Флешскор“ тогаш настанале одредени недоразбирања со Игор Ангеловски кој во тоа време беше селектор, па не го облекол дресот на Македонија.

„Не бев незаинтересиран. Во 2020 година само што дојдов во МЛС лигата и играв плеј-оф со својот тим каде што бев стартер. Добив повик за пријателски натпревар додека во тек беше плеј-офот и веројатно тоа погрешно беше протолкувано. Никогаш не било дека не сакам да играм за Македонија, напротив за мене тоа е чест на кој сум многу благодарен. Светското првенство е врв за секој фудбалер, тоа е најголемиот спортски настан“, изјави Мусовски.

Заборуваше Мусовски и за претстојниот натпревар со Данска.

„Секој професионален фудбалер верува во победа, одиме во Данска по победа. Тие се силен тим, но и ние имаме квалитет. Ако одиграме добро можеме да дојдеме до позитивен резултат и пласман на Светското првенство“, верува Мусовски.

За финалето каде што ако слави Македонија би играла против против Чешка или Ирска, Мусовски во интервјуто ја избра Ирска.