О'Рајли го реши Арсенал во четири минути - Сити ја доби првата битка за трофеј! (ВИДЕО)

Манчестер сити ја доби првата битка со трофеј со Арсенал и славеше во финалето од Лига купот со резултат 2-0.

Арсенал денеска не беше на потребното ниво, не блескаше премногу ниту Манчестер сити, меѓутоа впечаток е дека избраниците на Пеп Гвардиола одиграа токму колку што потребно за да бидат подобри, а херој беше младиот дефанзивец, O, Рајли кој го одлучи натпреварот во четири минути.

Првото полувреме не донесе погоди и мрежите мируваа, а во вториот дел по еден час игра на сцена стапи О’Рајли. Тогаш во 60. минута го постигна првиот гол на натпреварот и само четири минути подоцна и вторпат се запиша во листата на стрелци за конечни 2-0.

До крајот на сезоната двете екипи ги чека и борба за трофејот во Премиер лигата каде што Арсенал во овој момент има девет бода предност, но и натпревар повеќе.