Тудор по денешниот дебакл доживеал и шок - му се случила семејна трагедија!

Игор Тудор денеска со Тотнем ја продолжи кризата на лондонскиот клуб и загуби со 0-3 на свој терен, а по овој дуел го дочекало и ужасна вест за семјна трагедија, пишуваат англиските медиуми.

Имено, Тудор не се појави на прес-конференцијата и таму присуствуваше помошник тренерот Бруно Салтор, а како што се тврди на Островот причина била смртта на неговиот татко, од поради што и веднаш заминал за Хрватска.