Алавес режираше луд пресврт каков што ретко се гледа (ВИДЕО)
Селта фуриозно го отвори натпреварот и веќе до 37-та минута имаше предност од 3-0, двапати стрелаше Џутгла и еднаш Алаварез. Во финишот од првиот дел Мартинез од пенал намали на 3-1, резултат со кој се замина на одмор.
Второто полувреме донесе шанси и на двете страни, но гостите беа подобри во реализацијата, па така режираа и луд пресврт. Перез се погрижи за 3-2 во 50-тата минута, Мартинез постигна втор гол за израмнување во 74-тата минута, а Ребач четири минути подоцна комплетираше пресврт.