Сандерленд со гол во 90. минута го победи Њукасл во регионалното дерби! (ВИДЕО)
Оваа битка ја доби Сандерленд и тоа на теренот на Њукасл победувајќи со пресврт со 2-1.
Њукасл поведе со гол на Гордон уште во 10. минута, предноста ја сочуваа до полувремето, но во вториот дел работите беа поинакви.
Во 57. минута Талби погоди за израмнување на 1-1, а во 90. минута Бробеј реализираше за победа на Сандерленд од 2-1.