Комо ѝ даде пет гола на Пиза и ја зголеми предноста пред Јуве! (ВИДЕО)

Тимот на Сеск Фабрегас продолжи со фантастичните игри во Серија А, овојпат со 5-0 ја победи екипата на Пиза и се зацврсти на четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

Комо поведе уште во седмата минута кога Диао даде гол за 1-0, а дваесет минути подоцна погоди и Доувикас за 2-0.

По три минути игра во вториот дел Батурина постигна гол и ги реши сите дилеми околу победникот на Комо не застана.

Во 75. минута Паз реализираше за 4-0, а конечните 5-0 беа дело на Пероне на десет минути пред крајот.

Комо сега има 57 бодови на четвртото место, а Јуве е петти со 54.