Македонија го доби ривалот со кој ќе се бори за место на Светското првенство!

Македонските ракометари имаат една пречка за пласман на ново големо натпреварување, Светското првенство кое ќе се одржи во 2027 година, противник ќе ни биде Словачка.

Во крајно неизвесен натпревар Украина ја победи Словачка со 32-31, но Словаците благодарение на триумфот во првиот меч од 27-24 одат понатаму.

Украинците може да жалат за пропуштеното бидејќи во текот на мечот неколкупати водеа со шест гола разлика, а на полувремето беше 20-15 за нив.

Сепак Словачка успеа да ја анулира негативата, во текот на вториот дел имаа и водство од еден разлика, на крајот загубија со 31-32, но вкупниот резултат е во нивна полза.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Словачка ќе се игра на 13 или 14 мај во Братислава, реваншот е на 17 мај во Скопје.