Ахилова пета на Јувентус - пеналите!
Торинскиот тим синоќа остана без „целиот плен“ токму поради промашен пенал, што е втор таков случај втор пат оваа сезона. Откако го промашија пеналот во дуелите со Лече и Кремонезе, играчите на Лучијано Спалети не беа најмирни кога беше важно во последните минути од натпреварот со Сасуоло.
При резултат 1-1, капитенот Мануел Локатели ги разочара навивачите со несмасниот удар кој заврши во рацете на голманот на гостите, Аријанте Муриќ. Така, „бјанконерите“ останаа без победа, без посакуваните бодови и, најважно, без четвртото место, на кое Комо сега ќе биде сам ако победи денеска. Вкупно, Јуве изгуби четири бода оваа сезона директно поради промашени пенали.
Фактот што ги загрижува Спалети, играчите и навивачите е што играчите на „старата дама“ не ги искористија последните три пенали. Ако пеналот на Јилдиз против Кремонезе во победата од 5-0 не беше фатален поради веќе убедливото водство, промашувањето на Џонатан Давид против Лече се покажа како клучно за ремито на гости. Канаѓанецот, кој оваа сезона пристигна како замена за Влаховиќ, промаши при резултат 1-1 и го оневозможи Јуве да дојде до победата. На крајот, кога ќе се повлече линијата и Јуве не успее да обезбеди место во Лигата на шампионите, промашувањата на пенали би можеле скапо да го чинат тимот од Торино.
Интересно е тоа што трите промашени пенали дојдоа во период кога во тимот не беше првиот пеналџија Душан Влаховиќ кој вчера се врати во тимот по четиримесечната пауза поради повреда.