Масовна тепачка во Вашингтон - летаа боксови, настрадаа снимател и камерата (ВИДЕО)

Победата на Оклахома Сити тандер на гостувањето кај Вашингтон Визардс (132-111) остана во сенка на големиот инцидент што се случи пред крајот на првото полувреме.

На 27 секунди до паузата, по кошот на Ентони Гил за 64-68, дојде до вербален, а потоа и физички судир меѓу Џејлин Вилијамс и Џастин Шампани. Вилијамс прв удрил, по што Шампани возвратил, а ситуацијата експресно ескалирала. Во тепачката се вклучиле и Аџеј Мичел, како и Кејсон Волас, по што на теренот настанал вистински хаос.

Играчите од двете клупи влегоа во пресметката – се туркаа, се влечеа и удираа, а во еден момент Мичел бил оттурнат и паднал врз камерман, при што ја урнал и камерата. Судиите, обезбедувањето и персоналот со мака ја смирија ситуацијата, по што следуваше долга видео-анализа. Епилогот беше строг – четворица кошаркари беа исклучени.Кај Оклахома надвор од игра останаа Вилијамс, Волас и Мичел, додека кај Вашингтон исклучен беше Шампани.

Видеото од тепачката погледнете го ТУКА.