Миовски влезе и веднаш даде гол - ВАР му го поништи! (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски стрелаше прецизно против својот поранешен клуб Абердин, но погодокот му беше поништен поради играње со рака на негов соиграч.

Миовски во игра влезе во 86. минута кога Ренџерс имаше водство од 3-1.

Само пет минути подоцна Македонецот постигна гол за 4-1, но погодокот му беше поништен поради игра со рака во таа акција.

Резултатот на крај сепак беше 4-1, но последниот погодок за Ренџерс беше дело на Таверние.