Милан го победи Торино и го врати второто место (ВИДЕО)
Росонерите поведоа во 36. минута кога Страхиња Павловиќ постигна фантастичен гол од далечина.
Но, осум минути подоцна Симеоне изедначи на 1-1. Со тој резултат се замина на одморот.
Милан фуриозно го почна второто полувреме, најпрво Рабио во 54. минута ја врати предноста, а две минути подоцна Фофана зголеми на 3-1.
Торино до крајот на мечот успеа само да го намали резултатот на 3-2 со гол на Влашиќ од пенал во 82. минута.
Сега Милан има еден бод пред Наполи со кого имаат меѓусебен дуел во следното коло. Прв е Интер со пет бода предност и натпревар помалку.