Баерн гази кон нова титула, Леверкузен ремизираше во луд натпревар (ВИДЕО)
Од самиот почеток на средбата избраниците на Винсент Компани доминираа на теренот, а резултатот го отворија во финишот од првиот дел кога набрзина постигнаа два гола.
Прво Олис стрелаше за 1-0 во 43-тата минута, а потоа Гнабри во судискот опродолжение се погрижи за 2-0. Ништо не се промени ниту по враќањето на фудбалерите од паузата, Кејн постигна гол, а во листата уште еднаш се запиша Гнабри за конечни 4-0.
Многу возбудувања донесе натпреварот на Леверкузен кој на гости кај Хајденхајм ремизираше со 3-3. Фаворитот добро го отвори натпреварот и поведе со 2-0 со головите на Тилеман и Шик, резултат со кој се замина на паузата. Но, Хајденхајм во 56-та и 72. минута преку Бахренс и Пиерингер дојде до 2-2.
Шик се погрижи за ново водство на Баер на десет минути пред крајот, меѓутоа и тоа не ги откажа домаќините, втор гол постигна и Пиерингер за конечни 3-3.
Со ист резултат 3-3 заврши и дуелот помеѓу Келн и Менхегладбах, додека Вердер со 1-0 на гости беше подобар од Волфсбург.