Македонија ќе се соочи со силната Австрија, Лазаров ќе тестира нови комбинации
Селекторот Кире Лазаров сака да тестира дел од ракометарите кои досега не добивале многу шанса за настап, откако на списокот не се најдоа дел од првотимците како Никола Митревски, Жарко Пешевски и Мартин Серафимов, но затоа во селекцијата се врати Милан Лазаревски.
„Ние пред сè треба да бидеме задоволни затоа што со настапот на Европското првенство го избегнавме првиот бараж, така ќе имаме шанса порекалсирано да пробаме нешто и некои нови играчи кои во иднина би можеле да придонесат. Австрија е квалитетен противник, секако дека нема да одиме да изгубиме, сакаме да победиме, но резултатот нема да е во прв план, ќе пробаме работи што можеби би ги користеле во баражот“, кажа Лазаров пред неколку дена.
Македонија во баражот ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Украина и Словачка.
