Голем удар за Бразил пред натпреварите против Франција и Хрватска

Првиот голман на бразилската фудбалска репрезентација Алисон Бекер поради повреда ќе ги пропушти пријателските натпревари против Франција и Хрватска.

Алисон во средата бранеше за Ливерпул во пресметката против Галатасарај од реваншот во Лигата на шампиони (ЛШ), но потоа на тренинг пријавил повреда.

Селекторот Карло Анчелоти поради тоа мораше да го повика голманот на Коринтијанс, Уго Соуза.

Фото: Rafael Ribeiro/CBF/Facebook