Инфантино за војната: Фудбалот не може да ги реши геополитичките конфликти
Засега не е познато дали ќе настапи Иран на Мундијалот оваа година, откако им беше посочено дека не може да им биде гарантирана безбедноста во САД, а Инфантино вели дека фудбалот не може да ги реши геополитичките проблеми.
„Сите знаеме каква е геополитичката ситуација во светот. Фудбалот не може да ги реши тие кнфликти. Тоа што може да направиме е да ги собереме луѓето на едно место и да создадеме мир меѓу нив. Нашиот приотитет е да организираме турнир со 48 екипи, како и да ја обезбедиме нивната безбедност“, кажа Инфантино.
Фото: FIFA