Се подготвува „бомба“ во Португалија: Аморим на местото на Мурињо!?
Назначувањето би било скандалозно, благо речено, со оглед на огромното соперништво помеѓу Спортинг Лисабон, каде што Аморим постигна сериозен успех и Бенфика. „Орлите“ моментално заостануваат зад Спортинг и Порто во трката за титулата и не е исклучена можноста за промена на тренерот по завршувањето на сезоната.
Сепак, треба да се знае дека Аморим помина девет години од својата играчка кариера токму во Бенфика, запишувајќи 154 натпревари од 2008 до 2017 година. Меѓутоа, своите најголеми тренерски успеси ги оствари во Спортинг, еден од најлутите ривали на Бенфика.
Интерес за поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед има и од бразилскиот гигант Васко де Гама.