Фантастични „ножички“ на Стојанов за воодушевување меѓу навивачите (ВИДЕО)

Тиквеш имаше одличен старт на натпреварот против Брера Струмица и го доби првото полувреме со 4-1, а еден од погодоците беше мајсторија на Мартин Стојанов.

Стојанов во 10. минута од натпреварот направи прекрасен потег и со „ножички“ ја затресе мрежата на противникот за предност од 1-0, а тоа предизвика воодушевување кај навивачите.