Бразилците близнаци открија урнебесна ситуација со Фергусон: Го бараше брат ми, викаше по мене (ВИДЕО)

Легендарниот Алекс Фергусон во текот на својата богата кариера имаше бројни конфликти со фудбалерите што ги тренираше во Манчестер јунајтед, а во една интересна ситуација се нашле браќата близнаци, Фабио и Рафаел да Силва.

Имено, како што раскажа денес 35-годишниот Фабио, неговиот брат Рафаел во една ситуација погрешил, меѓутоа Фергусон на полувремето му се развикал на него, мислејќи дека тој погрешил.

„Мојот брат направи грешка, а на полувремето Фергусон се сврте кон мене, беше бесен и ме критикуваше. Потоа дојдоа Рио Фердинанд и Мајкл Карик и му кажаа дека јас не сум Рафаел, на што тој и одговори „исти се““, откри Фабио.

Ќе потсетиме, близнаците во Манчестер пристигнаа во 2008 година, а Рафаел за тимот од „Олд Трафорд“ одигра 170 натпревари и освои три шампионски титули, додека Фабио забележа 56 настапи пред во 2014 година да се пресели во Кардиф.