Работнички му пресуди на Силекс, Тиквеш со шест гола ја декласира Брера (ФОТО+ВИДЕО)

Фудбалерите на Работнички успеаја да триумфираат против Силекс со 2-0 и потврдија дека се наоѓаат во одлична форма во Првата лига, додека Тиквеш со 6-1 ја декласира Брера струмица во 24. коло од домашниот шампионат.

Екипата од Дебар Маало тргна одлично во пресметката со кратовчани, а двата гола во првото полувреме беа дело на Јован Попзлатанов.

Попзлатанов успеа да донесе предност во 13. минута од натпреварот, а потоа го зголеми водството на „романтичарите“ во 34. минута, кое се покажа и како конечно до крајот на средбата затоа што Силекс не успеа да ја анулира негативата.

Тиквеш беше неверојатен против Брера, а дуелот го отвори со мајсторија на Мартин Стојанов, кој со „ножички“ погоди во 10. минута од натпреварот.

Брера набрзо го возврати ударот преку Макиќ и израмни на 1-1, но тоа ги налути домаќините, кои извршија голем притисок и стрелаа уште три пати до крајот на првиот дел. Најпрво Стојилевски постигна автогол, а потоа стрелаа Стојанов и Тасев.

Лучианињо беше стрелецот на петтиот гол во 49. минута од натпреварот, по што Тиквеш до крајот постигна уште еден погодок (6-1). Головите може да се погледнат ТУКА.

Standings provided by Sofascore