По три мандати и вкупно десет години - Валверде си оди од Билбао

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде денеска објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, откако го водеше тимот од Ла Лига вкупно десет сезони во три мандати.

Валверде, кој го предводеше Билбао до првата титула во Купот на кралот по 40 години во сезоната 2023-24, ја објави својата одлука да замине во видео објавено на YouTube каналот на клубот.

„Денес сум тука за да соопштам дека нема да бидам тренер на Атлетик следната сезона. Ова е одлука за која размислував веќе некое време и за која разговарав со клубот. Во исто време, би сакал да нагласам дека ни остануваат 10 важни лигашки натпревари во кои имаме многу за играње“, рече 62-годишникот, кој го водеше и Билбао до шпанскиот Суперкуп во 2015 година.

Валверде, кој ги водеше и Барселона, Олимпијакос, Виљареал, Валенсија и Еспањол, беше тренер на Билбао помеѓу 2003-2005 и 2013-2017, пред да се врати во клубот во јуни 2022 година. Неделниот натпревар во Ла Лига против Реал Бетис ќе биде 495-тиот натпревар на Валверде како тренер на Билбао.

Како активен играч, односно напаѓа,ч Валверде помина уште шест сезони во Билбао како играч, 188 настапи и 50 гола во периодот меѓу 1990 и 1996 година.