Ѕвезда на Реал Мадрид остана без повик од селекторот Тухел (ФОТО)

Англискиот селектор Томас Тухел објави список од 35 фудбалери за пријателските натпревари против Јапонија и Уругвај во рамки на подготовките за Светското првенство (СП) кое се игра оваа година.

Најголемо внимание привлече враќањето на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Коби Мејну и Хари Кејн, но германскиот стратег реши да не го повика играчот на Реал Мадрид, Трент Александер-Арнолд.

Англија ќе се соочи против Уругвај на 27 март од 20.45 часот, а потоа на 31 март игра против Јапонија од 20.45 часот.

Фото: England football team/Facebook