Касемиро предложи засилување за Јунајтед, управата нуди 80 милиони евра!

Англискиот гигант Манчестер јунајтед е во преговори да го купи фудбалерот на Њукасл, Бруно Гимараеш, а цената изнесува околу 80 милиони евра.

Управата на „ѓаволите“ одлучи да го послуша бразилскиот фудбалер Касемиро, кој им го предложил Гимараеш како идеално засилување.

Понудата од 80 милиони евра покажува дека гигантот од „Олд Трафорд“ е сериозен во намерата да го добие потписот на Гимараеш.

Фото: Manchester United/Facebook