Фрајбург пукна „петарда“ против Генк, Селта го шокира Лион (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фрајбург триумфираа со убедливи 5-1 против Генк во реваншот во осминафиналето на Лига Европа, додека Лион на домашен терен загуби од Селта Виго (0-2) и беше елиминиран од натпреварувањето.

Фрајбург беше незапирлив од самиот почеток, па во првите 25 минути постигна голови преку Гинтер и Матановиќ за предност од 2-0. Надежта на гостите ја врати Сметс во 39. минута, но тоа се покажа како залудно на крајот.

Германскиот тим го засили темпото во вториот дел, па постигна уште три погодоци, и тоа преку Грифо, Сузуки и Егештајн.

Лион си направи проблеми на стартот, откако Ниаките доби директен црвен картон, по што Селта ја контролираше играта во продолжение од натпреварот.

Еден час им беше потребен на гостите за да ја пробијат одбраната на францускиот тим, откако Руеда погоди за 1-0, а потоа Селта постигна и втор гол за пласман во четвртфинале.

Фото: SC Freiburg