Брутална егзекуција во Иран: Шампион во борење бил обесен на јавно место

Во време на воена пресметка меѓу САД, Израел и Иран пристигнува лоша вест поврзана со спортот. Раководството на Иран го игнорирала барањето на останатите земји да не го егзекутира 19-годишниот шампион во борење, Салех Мохамади кој се спротистави на лидерот Хамнеи.

„Фокс Њуз“ објави дека Мохамади бил обесен на јавно место, а медиумот додава дека ова е потврда за режимот кој владее во Иран и кој треба набрзо да биде сменет.

„Неговата егзекуција беше очигледно политичко убиство, дел од моделот на Исламската Република да таргетира спортисти со цел да го задуши несогласувањето и да внесе страв во општеството“, вели Нима Фар која се бори за човечки права во земјата.