Винисиус го држеа да не се степа, каде е Бразилецот - таму се проблемите! (ВИДЕО)
Винисиус даде два гола во победата на Реал Мадрид од 2-1 над Манчестер Сити, но не пропушти да ги провоцира навивачите на англискиот тим, нешто што го правеше и во Португалија против Бенфика.
Но, не беа проблем само навивачите, по мечот Винисиус влезе во дуел и со противничките фудбалери и стручниот штаб на Сити.
Излегоа снимки во кои се гледа дека во тунелот беше жестоко, а Винисиус го држеа за ситуацијата да не излезе од контрола.