Joкиќ го одигра најслабиот натпревар во последните две години, Денвер победи (ВИДЕО)

Никола Јокиќ изминатата вечер во НБА лигата го одигра еден од своите најслаби натпревари постигнувајќи само осум поени, но и покрај тоа неговиот Денвер славеше триумф над Филаделфија од 124-96.

Српскиот центар за првпат оваа сезона не успеа да стигне до двоцифрен број поени, но додаде уште седум скока и 14 асистенции, а имаше и пет загубени топки за нешто помалку од 25 минути на паркетот.

Последен пат кога Јокиќ постигнал едноцифрен број поени беше на почетокот на јануари 2024 година, кога против Детроит само четири, но и тогаш имаше две асистенции повеќе.

И покрај неговата скромна офанзивна вечер, Денвер немаше никакви проблеми да стигне до победата против ослабениот состав на Филаделфија. Гостите настапија без неколку клучни играчи, меѓу кои Џоел Ембид, Тајрис Макси, Пол Џорџ и Кели Убри Џуниор, што значително се одрази врз играта на тимот.

Најефикасен кај Филаделфија беше Марџон Бошамп со 16 поени, додека по 12 додадоа Трендон Вотфорд и Квентин Грајмс.

Во редовите на Денвер се истакна Кристијан Браун со 22 поени, додека Камерон Џонсон придонесе со 18 поени во убедливиот триумф на својот тим.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Мајами 136-106

Орландо – Оклахома 108-113

Вашингтон – Детроит 117-130

Њујорк – Индијана 136-110

Милвоки – Кливленд 116-123

Минесота – Феникс 116-104

Сакраменто – Сан Антонио 132