Партизан потврди: Абутовиќ по 16 години повторно во црно-белиот дрес!

Легендарниот српски ракометен дефанзивец, Илија Абутовиќ го напушта Пелистер и од наредната сезона ќе игра за амбициозниот тим на Партизан.

Абутовиќ кој остави голем траг во Вардар, а сега игра за Пелистер, повторно ќе ја напушти Македонија, овојпат за трансфер во својата татковина.

Партизан денеска и официјално го потврди неговото враќање во клубот за кој играше и од 2007 до 2010 година.

Партизан почнува амбициозен проект, нов тренер на тимот е човекот кој на Вардар му ја донесе првата титула Европски шампион, големиот Раул Гонзалес.