Нејмар: Вознемирен сум и тажен!

Бразилската ѕвезда Нејмар не доби повик од Карло Анчелоти за престојните натпревари на Бразил, тој не го крие разочарувањето.

Нејмар се надеваше дека ќе се врати во селекцијата на Бразил пред Светското првенство, но тоа барем сега за сега не се случува.

„Вознемирен сум, тажен, затоа што не добив повик. Но фокусот останува ден за ден, тренинг по тренинг, натпревар по натпревар“, вели Нејмар.

„Има уште еден, конечен список пред почетокот на Светското првенство, па сонот уште е жив“.

Карло Анчелоти не ја исклучи можноста да го повика Нејмар за Светското првенство доколку фудбалерот влезе во форма во последните месеци.