Историски момент: Зоран Јовановски стана прв Македонец на Зимските параолимписки игри (ВИДЕО)
Јовановски настапи во дисциплината слалом (мажи - седење), а во тешки услови успеа да стигне на целта со време од 1:33,58, меѓутоа набрзо стигна разочарување затоа што поради промашена капија на неколку метри пред целта, тој беше дисквалификуван.
Настапот на Јовановски во Милано-Кортина, сепак, ќе биде запаметен и запишан во македонската историја.