Претседател на бугарски клуб пронајден мртов во автомобил (ВИДЕО)
„ЕраНова“ објави дека постојат две верзии за смртта на бугарскиот бизнисмен, односно едната е дека се самоубил во возилото, додека втората според нивни информации е дека непознато лице го застрелало додека бил во возилото.
Полицијата ги земала снимките од безбедносните камери во околината и отворила истрага за случајот, па се очекуваат повеќе детали наскоро.