Голеада на „Камп Ноу“: Барселона испука „петарда“, Рафиња постигна хет-трик (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона триумфираа со 5-2 во дуелот против Севиља на „Камп Ноу“ во 28. коло од шпанската Ла Лига.

Рафиња беше разигран од самиот старт на натпреварот, па првите два гола ги постигна од пенал во деветтата и 21. минута, додека Дани Олмо потоа зголеми на 3-0.

Севиља со голто на Осо во третата минута од судиското надополнување успеа да намали на 1-3 пред крајот на полувремето.

Рафиња во 51. минута го комплетира неговиот хет-трик, додека Жоао Кансело зголеми на 5-1, по што екипата од Андалузија ги постави конечните 2-5 преку Соу.

Барселона е лидер во Ла Лига со 70 бодови, односно четири поени повеќе од Реал Мадрид.

Фото: Facebook/FC Barcelona