Неверојатно: 16-годишен голман ќе брани за Баерн Минхен во ЛШ
Повреден е и четвртиот чувар на мрежата Леон Кланац, па поради тоа во конкуренција за реваншот против Аталанта во Лигата на шампиони (ЛШ) е 16-годишниот голман Леонард Прескот.
Младиот голман кој во последните денови ѝ се приклучи на првата екипа и веќе беше на клупата за резервни играчи во осминафиналето на ЛШ сега ќе добие шанса да брани од првата минута во реваншот против Аталанта.
Прескот е роден во Њујорк, а висок е 196 сантиметри и досега настапуваше за младинските репрезентации на Германија.
Фото: Instagram/fcbayerncampus