Бизарна сцена: Фудбалерите на Челси го заробија главниот судија (ВИДЕО)

Пред самиот почеток на вчерашниот натпревар од 30. коло во англиската Премиер лига меѓу Челси и Њукасл се случи бизарна сцена која брзо стана хит на социјалните мрежи, а во центарот на вниманието се најде судијата Пол Тирни.

Фудбалерите на Челси пред почетокот на натпреварот одлучија да го одржат вообичаениот краток тимски договор на центарот од теренот, но додека се собираа за последните инструкции, на истото место веќе стоеше главниот судија.

Наместо Тирни или играчите да се поместат, следеше неочекуван момент. Фудбалерите на лондонскиот клуб едноставно се собраа околу судијата, па Тирни остана точно во средината меѓу нив.