Пеп пред два дена зборуваше едно, сега друго: Ништо не е завршено

Пред два дена во најавата за натпреварот против Вест хем, Пеп Гвардиола истакна дека ако неговиот тим не победи на овој натпревар трката за титулата ќе биде завршена, меѓутоа сега кога ремизираа размислува поинаку.

Новинарите по вчерашниот дуел кој заврши 1-1 го потсетија на неговите зборови.

„Не, не е готово. Не загубивме и продолжуваме да се бориме“, изјави веднаш по натпреварот Гвардиола, кој овој меч не го водеше од клупата.

Исткна Гвардиола и дека за разлика од почетокот на сезоната тимот игра подобро, меѓутоа и се пожали дека во повеќе натпревари доминирале на теренот, но немале среќа.

„Од почетокот на сезоната многу напредувавме, но работата сè уште не е завршена“, рече менаџерот на Сити.

„Фудбалот е непредвидлив. Тие имаа една шанса и постигнаа еден гол. Тоа ни се случувало и претходно. Во текот на целата сезона ние бевме тимот што имаше контрола во повеќе сегменти од играта, но не успевавме да постигнеме три или четири гола. Се сеќавам на натпреварот со Сандерленд што го игравме на 1 јануари, игравме одлично и создававме шанси. Потоа и против Челси, па против Брајтон, а еве и денес.“, додаде шпанскиот стратег.

На табелата, Манчестер сити заостанува девет бода зад лидерот Арсенал, меѓутоа има и натпревар помалку.