Пикфорд киксираше и му подари победа на Арсенал! (ВИДЕО)
Доминираа избраниците на Артета и создадоа многу повеќе шанси од противникот, сепак недостауваше реализацијата. Така во првиот дел мрежите мируваа.
Слична беше сликата и во второто полувреме, а на крајот одлучувачкиот момент се случи во самата завршница.
Виктор Ѓокереш се најде на вистинското место во 89. минута по нафрлувањето од Инкапие, но мора да се истакне катастрофално лошата реакција на голманот Пикфорд во оваа ситуација. Во продолжение кога и Пикфорд тргна напред, тинејџерот Дауман го постави конечниот резултат.
Арсенал со оваа победа дојде до десет бода повеќе од Манчестер сити, меѓутоа „граѓаните“ имаат два натпревари помалку.
Viktor Gyökeres breaks deadlock
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 14, 2026
Arsenal 1–0 Evertonpic.twitter.com/ucVrz58uwc https://t.co/PQDCX4dqtB
Во вториот натпревар Њукасл со голот на Гордон се радуваше на триумф од 1-0 на гости кај Челси.