Половина година откако се повреди - Гави се враќа

Еден од најзначајните фудбалери на Барселона, Гави доби зелено светло од медицинскиот тим и ќе му биде на располагање на Ханси Флик за утрешниот меч против Севиља на Камп Ноу.

„Шестката“ на каталонскиот тим доживеа повреда на менискусот пред крајот на август што беше уште еден тежок удар во неговата кариера, но повторно успеа да излезе како победник и да се врати на терените. Сезонава играше само против Мајорка и Леванте, а пропушти дури 40 меча во сите натпреварувања.

На листата на повредени играчи на Барселона остануваат Кристенсен, Де Јонг, Балде и Кунде кои е планирано да се вратат на почетокот на април, односно по репрезентативната пауза.