Антонели испиша историја - најмлад возач на пол позиција во Формула 1!

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели ќе стартува прв на трката за Големата награда на Кина откако во денешните квалификации оствари најдобро време.

Неговата пол позиција е и историски успех во Формула 1, Италијанецот стана најмладиот возач со најдобро време во едни квалификации.

Антонели денеска има 19 години и 201 ден, со ова го надмина рекордот кој повеќе од една деценија го држеше Себастијан Фетел. Тогаш Германецот освои пол позиција на 21 година и 72 дена.

Од првиот ред до него ќе стартува неговиот клупски колега Расел кој денеска претходно победи на спринт трката.

Зад возачите на Мерцедес се болидите на Ферари, Хамилтон имаше трето најдобро време, а зад него беше Леклер.

Следуваат Пјастри и Норис, а Верстапен ќе стартува од осмата позиција.