Расел најбрз пред спринтот во Кина - Антонели ја потврди доминацијата на Мерцедес!
Тој утринава на патеката во Шангај, до најдоброто стартно место стигна со најбрз круг од 1:31,520 минути. Одличниот ден за Мерцедес го комплетираше младиот Андреа Кими Антонели, кој го освои второто место со нешто послабо време, заостанувајќи околу три десетинки зад својот тимски колега. Најблиску до двоецот на Мерцедес беше актуелниот светски шампион Ландо Норис, кој ќе стартува од третата позиција. Од вториот ред во спринт трката ќе тргне и Луис Хамилтон, кој оваа сезона настапува за Ферари.
Меѓу десетте најбрзи во квалификациите се најдоа уште Оскар Пјастри (Мекларен), Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Алпин), Макс Ферстапен (Ред Бул), Оливер Берман (Хас) и Исак Хаџар (Ред Бул).
Спринт трката на патеката во Шангај е закажана за в сабота во 4 часот по македонско време, додека квалификациите за главната трка ќе се одржат истиот ден од 8 часот. 🏎️