Хаос во Шпанија: Хулигани се тепаа со палки пред меч во Лига Европа (ВИДЕО)

Минатата ноќ во Виго, Шпанија се случи масовна тепачка меѓу навивачи на Селта и Лион пред натпреварот од осминафиналето во Лига Европа.

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи може да се забележи дека хулиганите имаат палки и други тврди предмети со кои се пресметале на улица, а медиумите пишуваат дека тројца навивачи се повредени и префрлени во болница.

Инцидентот се случил пред познат ноќен клуб каде што 50 навивачи на Селта ги барале француските фанови, по што ги нападнале со палки.