Алкараз-експрес „меле“ во Калифорнија
Како одминува турнирот во Калифорнија, Шпанецот игра се подобро што се гледа и по резултатите. Го доби првиот сет со 6-1 за само 38 минути игра, а потоа Руне се погрижи барем малку да има неизвесност на овој меч.
Вториот сет беше значително поинаков. Беше обележан со кратки гемови во кои само еднаш имаше 40-40, па победникот се решаваше во тај брејкот Алкараз беше доминантен, Не му даде никаква надеж на Руд и го реши мечот со 7-2.
Ривал на Шпанецот во четвртфиналето ќе биде Британецот Камерон Нори. Тој е 27. носител на турнирот, а го елиминираше Хиџиката со 2-0.