Jувентус дочека, Влаховиќ конечно се враќа!
Според италијанските медиуми, Влаховиќ се вклучил во полн ритам на тренингот во Торино и се очекува да биде дел од составот за гостувањето кај Удинезе.
За време на тренинг натпреварот, Влаховиќ и успеал да ја затресе мрежата. Голгетерот на „старата дама“ се повреди на 29 ноември минатата година за време на натпревар од Серија А против Каљари и од тој момент е надвор од терените.
Пред повредата, Влаховиќ во оваа сезона постигна шест гола и забележа две асистенции во 17 натпревари. Неговото враќање сигурно дека може да биде и тоа како важно за Јувентус кој во последно време има проблем токму со позицијата во нападот.