Никаде немаат мир: Иранските фудбалерки поминуваат низ вистински терор! (ВИДЕО)

Фудбалерките на репрезентацијата на Иран по елиминацијата од Азиски куп наместо дома заминаа за Малезија, но драмата за нив не е завршила ниту по пристигнувањето во Куала Лумпур.

Според изјавите на Иранци кои живеат во Малезија и кои ги посетиле хотелите каде што се сместени фудбалерките, нив ги чуваат припадници на силите лојални на актуелниот владејачки режим во Иран.

На една снимка од хотел се гледа жена која со телефон ги снима иранските репрезентативки, по што заминува додека разговара со некого.

За тоа време, фудбалерките видно вознемирени седат неколку минути, пред жената повторно да им се обрати и да им каже дека е време да тргнат.

Ќе потсетиме, поголем дел од делегацијата на репрезентација отпатува за Малезија, додека пет фудбалерки според информациите добиле хуманитарни визи и останале во Австралија каде што сигурно ќе останат подолго време.