Тиквеш без проблеми го совлада најслабиот тим во Суперлигата

Кошаркарите на Тиквеш триумфираа со 114-90 против екипата на Ангели во 18. коло од Суперлигата на Македонија.

Кавадарчани доминираа на паркетот и го добија првото полувреме со 52-32, со што го најавија големиот триумф против најслабиот тим во Суперлигата.

Двете екипи беа расположени во третата четвртина (31-31), по што Тиквеш до крајот на мечот дополнително го зголеми водството.

Најефикасен во победничкиот тим беше Хокинс со 24 поени, додека Хоуг постигна 25 поени за Ангели.